Кога во 1892 година браќата Лимиер во „Кафе д Пари” на светот за првпат му го прикажаа филмот, оваа уметност беше оквалификувана како сензација. Меѓутоа, само по неколку години
филмот ја видоизмени својата улога: од забавувач стана најсилен учител, воспитувач, запознавач.
Многумина често знаеле да ја искористат оваа карактеристика на филмската уметност, но не било секогаш така.

• Едно јануарско утро 1922 година на видните места во Битола излегло соопштение со наслов
„Наредба на директорот на гимназијата”, во кое пишувало:

Најновите жалосни настани во некои наши училишта последица ce колку на воениот и повоениот морал и општествената пореметеност, толку и резултат на лошата ученичка лектира, штетното другарување и убиственото дејство на неконтролираните филмови по кината. Меѓутоа, во нашата и
странската литература има и премногу примерни дела, кои учениот човек мора и треба да ги прочита и добро да ги познава, а не
своето слободно време да го користи за читање развратни и криминални романи на ненадарени писатели, на чии раце
повеќе би им доликувала мотика место перо, а кои ги сквернават ученичкиот живот и дружољубието.

Во природата и уметничките производи има многу убавина за невиноста на младата душа и срце да се сквернават со гледањето
на одвратни детективски и разбојнички филмови по примитивните кина, тие натрапници и уривачи на Старата битолска гимназија. Заради тоа, за тие меѓу вас кои не ги предочуваат
овие зборови, се издава
следнава наредба:

1. Учениците и ученичките не смеат да одат во кино без своите родители или без одобрување на училишните власти, а одобрението зависи од природата на претставата (член 56 од Правилникот за однесувањето на учениците);

2. Учениците и ученичките не смеат да формираат свои дружини или да стапуваат во други
јавни здруженија без одобрение на училишните власти (член 57 од Правилникот);

3. Ниеден ученик или ученичка не
да купува и да чита криминални романи, кои ce продаваат во посебни тетратки или како додаток на дневните весници;

4. Ниеден ученик или ученичка не смее веќе да се види на улица без родители по 8 часот навечер.

За извршување на оваа наредба ќе се води најсериозен надзор. Учениците или ученичките кои нема да постапуваат според
оваа Наредба, ќе се сметаат како исклучени од гимназијата, а истите не ќе можат да се запишат во септември (по член 31 од Законот за средните училишта).

Директор, Григ. Хаџи Ташковиќ

Како оваа наредба на директорот на гимназијата во Битола се почитувала не е познато. Се знае само дека во тогашното единствено кино во градот под Пелистер, чии сопственици биле браќата Манаки, посетата не се намалила. Меѓутоа, оваа наредба секако останува забележана како егземпларен случај во историјата на филмската уметност кај нас.

П. Константинов
М.А.Христовска


Интересна статија објавена во “Котелец” од 1987 година ,за една наредба од 1922 година.

Благодарност до Златко Ангелески.

Битола стари фотографии