Во чест на Благојче Илијески се одржа третиот меморијален марш во Битола

од June 17, 2026 0 коментари

Во пријатна и емотивна атмосфера викендов се одржа третиот меморијален марш во чест на Благојче Илијески, на кој учествуваа негови роднини, пријатели, сограѓани и поддржувачи кои заедно го одбележаа споменот на човекот што остави силен белег во борбата за лицата со цистична фиброза.

Маршот помина во духот на заедништво, солидарност и позитивна енергија, вредности по кои многумина го паметат Благојче. Присутните уште еднаш ја истакнаа неговата посветеност и истрајност во заложбите за подигање на јавната свест за цистичната фиброза и обезбедување подобри услови за лекување на пациентите.

Посебна благодарност беше упатена до членовите на Полицискиот спортско-планинарски клуб „7 Мај“ од Битола, кои и оваа година дадоа значителен придонес во организацијата и реализацијата на маршот.

Благојче Илијески останува симбол на храброст, истрајност и несебична борба за подобар живот на лицата со цистична фиброза. Неговото дело и понатаму живее преку луѓето кои ја продолжуваат мисијата што тој ја започна. Нека му е вечен споменот.

Babam Bitola

Comments are closed.