Во среда бесплатна кино проекција, фини муабети по проекцијата и музички афтер…

European Cinema Night

На 4 декември – среда, во исто време, во 88 кина низ Европа ќе светнат под истото филмско небо за да ја прослават моќта на европската кинематографија.
Горди сме што 3Д Кино Битола и оваа година е дел од оваа магична мрежа, каде што заедно со кино љубителите од стариот континент ќе славиме приказни кои инспирираат, предизвикуваат и оставаат траен впечаток.

Европската кино ноќ е повеќе од настан – тоа е славење на културата, уметноста и страста што ги носи филмот 🎬✨

👉 Еве како Битола се вклучува во оваа ноќ ▪️▪️▪️

Програма за вечерта во 3Д Кино Битола:
📌 19:30 – Свечено отворање
📌 19:45 – Проекција на „Вкусот на љубовта“ (The Taste of Things) – награден филм од Кан, кој раскажува за љубовта, храната и нејзината моќ да ги зближува луѓето
📌 22:00 – Дискусија со Филип Чаловски, врвен македонски шеф и Илија Тирицовски, познат филмски и ТВ продуцент, кои ќе ве водат низ магијата на филмот и уметноста на раскажувањето.
📌 22:30 – Концерт на Dejanje, уникатен музички проект на Дејан Марковски, кој ќе ви подари вечер со звуци кои ги надминуваат жанровските граници 🎶

✨ Влезот е бесплатен! ✨
📍 Локација: 3Д Кино Битола

Придружете ни се на ова уникатно филмско патување каде што уметноста ќе ги поврзе сите нас – низ филмови, дискусии и музика.

Европската кино ноќ е вашата можност да станете дел од нешто поголемо – една љубов, споделена низ целиот континент.