На 15.05.2019 година во просториите на НУ Народен Театар – Битола се одржа роденденска аматерска претстава „Различни, а сепак исти“ од Ангела Пандовска и Бесјона Јусуфи. Тие пред една година ја издадоа истонасловената книга која е напишана на македонски и албански јазик, со цел да ги прикажат сите тие сличности на луѓето каде предрасудите и дискриминацијата ќе бидат само како минато.
„Ние пред една година докажавме преку нашето дело дека сите на оваа планета сме исти бидејќи ги запознавме со поимите другарство и љубов, а дискриминацијата и предрасудите им ги ставивме во кутијата наречена минато. Вечерва го прославуваме првиот роденден на нашата книга, а тоа го прикажавме преку претстава која имаше хуманитарен карактер. Сеуште немаме одлучено каде овие средства ќе одат, но сепак мислиме дека ќе го направиме добриот избор.“ – Ангела Пандовска
„Напорно ја спремавме оваа претстава веќе 3 месеци. Идејата беше на Ангела, која неуморно ги организираше сите учесници. Вечерва освен аматерската претстава, настапија и ФА Битола и КУД Башкими Битола со нивни кореографии, ја покажаа културата и традицијата со нивната носија. Претставата за жал не беше и на македонски и на албански јазик, но сепак имаше делови на албански како и на други држави кои учесниците сами си ги избраа.“ – Бесјона Јусуфи
Голема благодарност до МКЦ – Битола, градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, директорката на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, професорот Никола Трајковски, дититално фото студио „Илчо“, Porta Jazz, како и сите професори и директори кои овозможија соработка.