Наставниците од предметна настава во ОУРЦ „Кочо Рацин“, заедно со своите ученици, реализираа креативна работилница на тема „Кодекс на однесување“, со цел да се поттикне свесноста за правилата и вредностите во училиштето.

Преку изработка на хамери со слики и текст, учениците на креативен начин ги претставија основните принципи на однесување, почит, соработка и одговорност.

Во текот на активноста, со заеднички труд и ангажман, беше создаден заеднички кодекс кој ќе придонесе за подобра училишна атмосфера и поуспешен воспитно образовен процес.

Од училиштето посочуваат дека ваквите активности имаат значајна улога во развојот на позитивни вредности кај учениците и создавање средина исполнета со разбирање, почит и заедништво.











