За прв пат во Bike Park Smolevo, Extreme Bike Team Bitola ја организира првата UPHILL трка (трка со планински велосипеди на угорница) Smolevo Uphill Race. Трката ќе се одржи на uphill (патеката за искачување) во Bike Park Smolevo која се протега од црквата Св.Атанас – Смолево до каналот.

УЧЕСТВОТО НА ТРКАТА Е БЕСПЛАТНО!
Пријавување на следниот линк најдоцна до 06 јуни (четврток)

ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ –> https://form.typeform.com/to/MCqHeQ6z

Агенда:
• 09:00 –> 11:30 –> Пријавување и тренинг
• 11:45 –> Старт на трката
• 14:00 –> Прогласување на победниците

Категории:
За ЛИЦЕНЦИРАНИ велосипедисти
• Јуниори
• Кадети
• Сениори
• Мастерс
• Жени

Категории за НЕЛИЦЕНЦИРАНИ велосипедисти
• Хоби мажи
• Хоби жени
• Ветерани 50+ години
• Електрични велосипеди

Карактеристики на патеката:
Должина: 2,8км
Висинска разлика: 187м
Тежина: средна
Најстрмен нагиб: 7%

Наредните денови следуваат дополнителни информации.

Ве очекуваме!