hdr

Во влашкото маало

жолти куќи високи…

Ој Јанино, баш Јанино,

Жолти куќи високи.

На порте ми седеше

Момето на Илчови.

На порте ми седеше

И на ѓерѓеф везеше.

Куќата на Низамови во влашкото маало

Ој Јанино, баш Јанино,

и на ѓерѓеф везеше 

Оздола иде млад Стојан

И на моме говори

Дај ми го моме ѓерѓефот

Ќе ти дадам два гроша.

Ој Јанино, баш Јанино,

ќе ти дадам два гроша.

Не и’ го зеде ѓерѓефот

Тук ја фати за рака. 

Ој Јанино, баш Јанино,

тук ја фати за рака.

еден коментар

  1. Честит празник 23 Мај – ден на власите! Сите ние, во чии вени тече и влашка крв, сме горди и благодарни на нашите предци, секогаш спремни за соживот со сите народи на Балканот. Нека остане вечно да блеска влашката нишка во плетенката од различни нации на овие простори!
    Ана Корубин – Алексоска

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here