Боримечка до 1912 година беше турски чифлиг каде што во моменти на релаксација и забава се бореле со мечки на патувачки цигани. Овој имот го купија
меѓу двете војни побогатите семејства Зволовци, Фику и други. На овие површини, под железничката линија и станицата, во 70-тите почнаа, да настануваат куќарки и стопански објекти.
Токму на Фиќовата ливада, во 1926 година беше поставено изградено фудбалско игралиште со битолски тревен терен за потребите на Ф.К „Балкан”. Тука имаше кафеана со тераса од која можеше да се следи натпреварот. Во врска со терасата се создаде поговорка, мошне честа меѓу двете војни, во смисла на ветување на средба која никогаш нема да се случи. На пример, ако некој прашуваше „Каде ќе се сретнеме”, а другиот со доза на цинизам му одговараше: „Кај Фики на тараца”.
Извадок од Перформансите на Широк сокак, Д.Д. Такец