Покрај „магарешките“, за неморалните жени и девојки
постоеле и подруги казни, од кои најчести биле бојкот и иселување од маалото. Иселувањето се носело преку суд, па оттаму поединостите околу неморалот на казнетата допирале до секое уво во градот. Меѓу првите што ја добила таа казна била госпоѓа Белкис. Живеела во средината на 17 век. И додека за останатите во документите стојат само имиња, кај неа има континуиран титулар „госпоѓа“, од што може да се заклучи и нејзиниот општествен статус. Образложението на барањето за нејзино иселување дадено од маалџиите било дека е неморална жена, дека во својот дом прибира непознати мажи, односно дека е „челник на проститутките“. Такви оптужби и барања за иселување биле изнесени и против други, против Деллак Кериме и Салиха, за омажената Векеразе Кази, за сопругата на Ахмед беше, за Исмихан, Фатиме и Рахиме, за сопругите на Халил, Ајша и за таа на Мустафа, Хатиџе итн.
Вакво барање поставувале не само жители од градските маала, и од селата. Едно поврзано е и со барешанци. Во крајот на февруари од 1634 год., имено, барешанци во судот ја довлечкале Цвета, ќерка на Пејчан, од истото село и во нејзино присуство ја оптужиле дека не е добра жена, дека се занимава со проституција заради што, како што рекле, „не сакаме да живее во нашето село”. Наредбата на судот била отсечна веднаш да замине во друго место.
Дислокацијата одела по потврдена постапка: иницијативни маалџи првин проработувале околу созревање на јавното маалско мислење против некого и, откако тоа ќе се обезбедило, со сведоци и факти, групата доаѓала во суд
и го образложувале барањето. Преку службено лице следувал повик до оптужената да дојде на закажано рочиште и да ја изнесе својата одбрана. И колку нејзините аргументи да биле силни и несобориви, сведоштвото на сведоците секогаш било одлучувачко. Деллак Кериме и Салиха, дошле во судот и ги одрекле оптужбите, но бидејќи сведоците ја потврдиле вината, одлуката станувала правосилна. Сопругата на Ахмет – беше, чие име остана непознато, пак, одбила да се јави во судот и ја негирала оптужбата уште при доставувањето на поканата, дури одбивајќи и да ја прими.
Сосема ретко се случувало оптужени да ја признаат вина за да обезбедат несоборливи факти, на пример, упорни маалџии, ревносно го следеле движењето на сосетката
Хатиџе, озогласена за неморал. На судот, не можејќи да ги одрекне оптужбите, признала дека, навистина, преоблечена во машки алишта потајно пошла во шаторот на Хусеин бег, кој бил во друштво и со неколку други мажи. Изјавила и како тоа се извело, дека: „Лицата Арслан, Дервиш и Исмаил ми дадоа да ставам шулбен, облеков машки алишта и со нив стигнав во шаторот на спомнашиот Хусеин.
Спроведувањето на иселувањето се извршувало преку службено лице. Судскиот забит бил ангажиран и во иселувањето на Исмихан, Фатиме и Рахиме. Не само за жени, туку маалски барања и судски одлуки
за иселување имало и за мажи.
Амамџијата Сулејман, кај кого во последно време (септември 1634) живееле невестата и свеската на мутафчијата Мујо („иако не му се роднини“), преку суд му било наложено да се ослободи од нив, што било и регистрирано и во судската документација. Неженетиот сарач Хасан од Емир Маало, пак, се загледувал во туѓи жени и во туѓи куќи. Гневните маалџии насилно го привеле во судот и побарале да го снема од маалото, со тврда закана дека доколку тоа не се случи, „сите
ние ќе ги оставиме нашите куќи и ќе се преселиме во друго маало“
Барањето било спроведено истиот ден.
Извадок од книгата Калеидоскоп на проф. Д-р Александар Стерјовски