Вода, игра, дружење и многу насмевки го одбележаа денот во ОУРЦ „Кочо Рацин“ во Битола, каде учениците уживаа во организираните „Водени лудории“.

Летната атмосфера и забавните активности донесоа многу радост и разиграност, а учениците имаа можност да поминат еден поинаков ден исполнет со дружење и заеднички моменти.

Од ОУРЦ „Кочо Рацин“ истакнуваат дека училиштето за нив не е само место за учење и образование, туку и средина во која се создаваат пријателства, се поттикнува заедништвото и се создаваат убави спомени.

Посебно значајна е и радоста на родителите, кои заедно со своите деца ги споделуваат ваквите моменти и нивните успеси.

Од училиштето најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со активности преку кои на учениците ќе им овозможат дружење, забава и нови искуства.

Кога децата се насмеани, насмеано е и целото училиште.







