Од НУ Камерен Оркестар на Битола известуваат дека има промена од техничка природа во раководството. Односно по истекување на мандатот на досегашниот ВД Директор на НУ Камерен Оркестар на Битола Владимир Димовски, кој е вработен во Опера и балет, на негово место доаѓа вработен во НУ Камерен Оркестар на Битола, Дејан Цветковски.
За медиумите, Владимир Димовски изјави: 11 години се борев за Камерен Оркестар на Битола да стане Национална Установа со свои вработени. Пред две години тоа го постигнав, а оваа година успеав да вработам неколку луѓе. Една од многуте цели кои ги имав како ВД Директор на НУ Камерен Оркестар на Битола се остварија, првата од нив како што кажав е вработувањето на професионални музичари во оркестарот, и Битола да добие Национална Установа Камерен Оркестар, а втората да организирам концерт со оркестарот во Виена што исто така се оствари. Мојот ангажман во НУ Камерен Оркестар на Битола како ВД Директор истече пред нецел месец, а на позиција на ВД Директор може да е само вработен во установата, односно мојот соработник и еден од првите вработени во НУ Камерен Оркестар на Битола Дејан Цветковски.
Мојата соработка со НУ Камерен Оркестар на Битола ќе продолжи како и досега, затоа што во овие 11 години сум организирал преку 150 концерти низ Македонија, низ целиот Балкан, па се до европските метрополи како Прага, Рим, Виена. Им се заблагодарувам на сите коишто помагаа во организацијата на сите досегашни концерти, на сите моментални членови во оркестарот, и особено на членовите кои останаа со Камерниот и покрај сите препреки и потешкотии до ден денес, како што се Владимир Цветковски, Никола Трајановски, Валентин Наумов, Дејан Арсиќ, сегашниот ВД Директор Дејан Цветковски, Коста Стеваноски, Милена Марковска, Љупчо Милевски – доколку некој изоставив Ви се извинувам однапред. И за крај голема благодарност до нашата публика која верно не следи – продолжуваме со исто темпо како и досега.
Со почит, Владимир Димовски
Продуцент, диригент и аранжер