Битолскиот колекционер Коста Догу, најстар и „најбогат“ на Балканот, пред извесно време од САД доби специјално писмо, адресирано на негова адреса во кое се наоѓаше еден тамошен весник, на кој со големи букви пишуваше дека МГМ — познатата филмска компанија, ќе снима филм за неговиот живот.
Во писмото, освен весникот, немаше никакви други податоци, но и покрај тоа колекционерот верува дека филмската компанија од Холивуд ќе сними некој документарен филм за неговиот живот поврзан со колекционерството.

Некои, пак, сметаат дека весникот го „изработил“ и испратил некој наш печалбар кој на некој начин сакал да се нашегува со симпатичниот и секогаш за шега расположен Коста Догу.
(П.С.)
Извор Битола Стари Фотографии





