Познатиот битолски музичар Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена споделија убав семеен момент – крштевањето на нивниот син Адам.
Крштевањето се одржало пред околу еден месец, а среќните родители сега споделија фотографии од овој посебен ден.„И така спонтано, пред месец дена, го крстивме Адааам! Малку ни е тажен оти не го остајвме да се шлапка во водата, ама нема гајле, зато има базенчиња кај бабите. Битно да му е вечно името!“, напишаа тие во свој препознатлив, ведар стил.
На малиот Адам му посакуваме да е жив, здрав и среќен и вечно да му е името!
