Со само еден клик посетете ја нашата веб страна и добијте повеќе инфо

Болницата „Плодност“ го поседува најсовремениот и најнов модел на флексибилен видео ларингоскоп. Тимот на анестезиолози од Болницата „Плодност“ практично ја прикажа примената на овој ларингоскоп, кој се поставува кај пациентите пред оперативните зафати, истовремено следејќи ги сите процедури на видео екран.

Овој современ и флексибилен видео ларингоскоп кој што има намена кај пациентките кои имаат отежнати дишни патишта за интубација се применува кај сите пациентки за време на оператовните зафати. Искуството ни покажа дека на овој начин е олеснета интубацијата кај пациентките и дека ако се чува и се применува само за пациентки со отежната интубација и се нема искуство во секојдневната примена, апаратот не може да биде корисен. Единствено во оваа болница се применува овој тип на интубација во нашата држава заедно со тимот од многу искусни и вешти анестезиолози кои велат дека во голема мерка им е олеснета интубацијата и стресот кој што го доживуваат за време на самата интервенција.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here