Културно-уметничкото друштво „Илинден“ – Битола оваа сабота на 13 јуни 2026 година ќе го одржи својот традиционален Полугодишен концерт, на кој пред битолската публика ќе настапат сите групи и ансамбли што дејствуваат во рамките на друштвото.

Концертот ќе се одржи во НУ Центар за култура – Битола, со почеток во 19:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со македонски ора, песни и кореографии кои го негуваат и афирмираат богатото културно наследство.
Настанот претставува круна на посветената работа на членовите, кореографите и стручните соработници на КУД „Илинден“, кои преку фолклорот ги пренесуваат традицијата, вредностите и љубовта кон македонската култура на новите генерации.
Од друштвото упатуваат покана до сите љубители на фолклорот да бидат дел од оваа вечер исполнета со музика, игра и емоции, и заедно да ја прослават убавината на македонската традиција.
