Синоќа, сцената на 16. Фестивал на музика од светот блесна!

Manolo & The Voice of Gypsies ја претворија Битола во центар на емоции, ритам и радост. Публиката неуморно танцуваше, пеејќи заедно со светски познатиот Маноло Гименез, чиј глас ја пренесе душата на каталонската румба и фламенкото.

🎶 Атмосферата беше незаборавна, исполнета со аплаузи и долги овации. Овој концерт беше повеќе од музика – беше прослава на културите, мост што ги поврза сите срца во салата.

Погледнете дел од моментите низ првата галерија, а ќе следи уште една … и почувствувајте ја енергијата што ја носи само музиката која зборува на јазикот на душата.

фото | Диоген Хаџи Коста Милевски