По повод големиот христијански празник Бадник, на 6 јануари 2026 година (вторник), ќе се одржи свечена вечерна богослужба со почеток во 17:00 часот во манастирот „Св. Меркуриј“ с. Барешани. По богослужбата ќе следува традиционална литија до црквата „Св. Димитриј“.
За време на настанот ќе се делат бадникови гранчиња, како и пригодни поклончиња за деца до седумгодишна возраст, со што ќе се збогати празничната атмосфера и ќе се пренесе духот на Бадник на најмладите.
На 7 јануари 2026 година (среда), на денот на Христовото Рождество – Божиќ, ќе се одржи празнична света литургија во црквата „Св. Димитриј“, со почеток во 09:15 часот.
Верниците и граѓаните се поканети да земат учество во празничните богослужби и заедно да го одбележат најрадосниот христијански празник.





