Вечерва во Битола ќе се одржи пиротехнички спектакл во организација на навивачката група Чкембари. Настанот ќе започне во 19:30 часот со собир во паркот кај Саат-кула, по што ќе следи шоу кое се очекува да ја привлече вниманието на голем број граѓани.

Организаторите упатија апел до возачите за претпазливост и внимателно движење по булеварот во периодот од 20:00 до 22:00 часот, со цел да се обезбеди поголема безбедност за време на одржувањето на настанот.

Со порака „Сите генерации во исто време“, Чкембарите најавуваат обединување на навивачите од сите возрасти во една незаборавна вечер под мотото „Ко вчера да беше.“