Вечерва нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски и таеквондистката Мила Рељиќ ќе го носат МКД знаме на церемонијата на отварањето на Олимписките игри во Париз
А на оваа фотографија е Дарио со знамето на MINT, кој беше спонзор на неговите подготовки пред Олимпијадата, каде што заедно со неговиот тренер Игор Јакимовски заминаа во тренинг кампот во Фонт Ромеу, Франција.
Подготовките беа реализирани на многу тренинг локации на надморска висина преку 1700м заедно со познати светски атлетски имиња кои всушност му беа тренинг партнери на Дарио.
После цели 34 денови напорно тренирање, Дарио пристигна во олимпиското село во Париз каде продолжува да се подготвува за настапот на олимпискиот маратон на 10ти август.
Дарио е најдобриот атлетичар во историјата на Македонија и рекордер во 9 различни атлетски дисциплини