Вечерва битолчанецот Александар Димовски – Димса се среќава со Саша Јовановиќ од Словенија во Сараево на настанот Кинг оф кингс – Ворлд Гранд При во К-1.

Димовски се бори во категоријата над 93 килограми и се очекува интересна борба, затоа што оваа серија има свое финале. Димса успешно го мина мерењето и соочувањето.

За тоа каква е атмосферата пред денешниот настап Димса вели:

„Атмосферата е одлична. Дојдовме максимално подготвени. Очекувањата се да се освои Гранд прито, инаку не би биле тука“.

Димовски извесен период направи пауза од претходниот настап во Швацарија.

„Да, малку подолга пауза. Требаше да имам меч пред некое време, но противникот откажа. Меѓутоа јас сум во континуитет и нема проблем“.

„За овој турнир се подготвувам со гранд мастер Златко Неделковски од За Нед До академијата и верувајте да се има овој човек како тренер и до мене во аголот е огромна чест и задоволство. Се надевам оти се што работевме ќе го покажам денеска во борбата“.

Димовски изразува голема благодарност до нашиот прославен кикбоксер Иле Ристески, затоа што преку него го добил контактот.

Главната борба на вечерта е на прославениот босански борец Џевад Потурак – БХ Машин против Дритан Барјамај за европската титула во тешка категорија.

Ipon.mk