Некогаш измамуваа големи аплаузи низ салите во Македонија, но и низ поранешна Југославија, а вчера и денеска се на турнир во Прилеп кој првпат годинава се организира во чест на Петар Кузманоски-Таста и Влатко Коруноски-Лара, кои починаа минатата година.

Турнирот кој би требало да прерасне во традиционален собра осум екипи во машка и четири во женска конкуренција, а натпреварите стартуваа на отворено за потоа да мора да се префрлат во сала поради дождот.

Сепак, дождот не ја расипа одличната атмосфера која владееше на теренот бидејќи ветераните одиграа интересни натпревари, а и денеска ќе продолжат со битката за првото место.

И покрај сè јасно е дека во прв план е дружењето и враќањето на спомените од времето кога имаа големи битки. Иако и сега како ветерани покажуваат одлични партии и борбеност на која можат да им позавидат и многу сениорски тимови.

Кој ќе го освои турнирот кај мажите, а кој кај дамите ќе биде познато денеска после комплетирањето на средбите.

Извор и повеќе ТУКА

Голема благодарност до Димитар Петковски