Среда,
6 март 2024
18,00 часот

Изложбата се отвора по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, а со програмата за одбележување на 65 години творештво и 85 роденден на Панде Петровски.

Во тек е и изложбата во неколку градови од северо-источна Македонија, а се подготвува и ретроспективната изложба ќе биде поставена во НУ Центар за култура- Битола.

ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ
Библиографски сублимат
Започнувајќи од 1959 година кога ја отвора својата прва изложба, со создадените неколку илјади дела, до сега има реализирано над четириесет самостојни изложби во Македонија, Србија, Словенија,
Шведска и Австралија. Член е на ДЛУБ ( Друштво на ликовните уметници на Македонија), МНД (Македонско научно друштво-Битола) и ДЛУМ (друштво на ликовни уметници на Македонија). Од основањето во 2005 година е учесник и координатор на Ликовната колонија Де Ниро, а учествувал и на дваесетина меѓународни ликовни колонии во повеќе наши градови, но и во странство (Србија, Црна Гора, Грција и Романија).

Добитник е на голем број награди меѓу кои се и: Наградата 4 Ноември на Општина Битола за годишни резултати, наградата „Дајмонд” за творечки опус, Мапа-портфолио метармофози од Остен, Борислав Трайковски од ДЛУБ, плакета кристална коцка од МНД, Награда за животно дело од ДЛУБ и посебно од Битолски весник, кој му ја доделува и престижната награда за трајни вредности. Негови дела се наоѓаат во НУ Завод и музеј-Битола, Галерија Остен- Скопје, Роднокраен музеј на Хомоље – Жагубица Србија, како и низ повеќе приватни и државни збирки во Европа, Австралија и Америка.