Цапари денес живееше во ритамот на една од најавтентичните народни манифестации во Пелагонија – василичарскиот карневал „Бабари“. Со маски, ѕвонци, народна музика и силна симболика, селото повторно стана сцена на вековната борба меѓу старото и новото, доброто и лошото, зимата и пролетта.
Учесниците, облечени во традиционални и сатирични костими, низ улиците на Цапари ја пренесоа пораката на прочистување и обновување, но и острата народна критика кон секојдневните општествени појави. Ликовите на „бабарите“, препознатливи по маските и гласните ѕвонци, ја симболизираат желбата за здравје, бериќет и среќа во новата година.
Дома бабам Битола Василичарскиот карневал „Бабари“ го разбуди Цапари – традиција, сатира и вековен дух





