Василичарскиот карневал „Бабари“ во село Маловишта уште еднаш ја оживеа вековната традиција и култура што со децении се негува и се пренесува од колено на колено, од дедо на внук. Настанот привлече бројни посетители и љубители на автентичните влашки обичаи, кои имаа ретка можност одблиску да сведочат на живо културно наследство што и денес пулсира со силен и препознатлив дух.






















Посебно внимание привлече учеството на најмладите василичари, Јована Гаговска, Давор Гаговски, Никола Василевски, Стефан Палигора, Ангел Батаља и Никола Грамосли. Со гордост и искрен ентузијазам, тие беа дел од карневалската поворка, испраќајќи силна порака дека традицијата има своја иднина и дека Маловишта успешно ја продолжува приказната стара со генерации.
Со впечатливи маски, традиционални обичаи и автентична атмосфера, карневалот „Бабари“ уште еднаш покажа дека не е само локален настан, туку значаен културен симбол кој ја обединува заедницата и го чува и афирмира влашкиот идентитет.





