Василица отсекогаш била повеќе од празник за Битола, била ноќ кога градот застанувал, а душата му се будела. Старите битолчани раскажуваат дека токму на Василица чаршијата била отворена цела ноќ, дуќанџиите не брзале кон домовите, а од секој агол се слушале песни, здравици и смеа.
Црквите светеле до зори, додека граѓаните ја чекале „вистинската“ Нова година, со вера, надеж и заедништво. Тоа била ноќ кога Битола живеела како едно семејство, сплотена, весела и горда на својата традиција.
Денес, и покрај промените на времињата, Василица и понатаму се слави со голема радост и почит, како спомен на едно поубаво, поспокојно и човечно минато. Фала му на Бога што оваа традиција сè уште живее во срцата на битолчани.





