Бруно Пресилски од Пелистер е стрелец на првиот гол во Првата македонска фудбалска лига 1992 г.

од August 23, 2024 0 коментари

На денешен ден во 1992 година се одиграло 1. коло на новоформираната Прва македонска фудбалска лига, како највисока лига на македонскиот фудбал по отцепувањето од Југославија.
Стрелец на првиот гол бил Бруно Пресилски, кој уште во 4. минута му донел предност на Пелистер против Рудар.

Биле постигнати следниве резултати:

Вардарски – Слога Југомагнат 0:0
Борец – Тиквеш 2:2
Македонија – Беласица 0:0
Пелистер – Рудар 5:0
Победа – Вардар 1:1
Металург – Силекс 2:0
Саса – ФЦУ 2:1
Осогово – Тетекс 3:0
Балкан – Брегалница 2:1

Македонски фудбал

Babam Bitola

Comments are closed.