Искра Нечаковска, ученичка во III година во СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола, освои бронзен медал на престижната 55. Меѓународна олимпијада по физика (IPhO 2025) што се одржа од 17 до 25 јули во Париз.

Во конкуренција од 406 ученици од 86 држави, Искра покажа извонредни знаења и вештини во физиката, со што ја направи Битола горда на светско ниво.

Тимот од Македонија освои вкупно два бронзени медали и една пофалница, а ова е уште едно големо признание за младите таленти од нашиот град.

Честитки за Искра и нејзините ментори