На Европското првенство, младата битолчанка Марија ја донесе бронзата за Македонија, покажувајќи неверојатна борбеност и истрајност.
Пред само пет месеци, на 13 април, таа се подложи на операција на скинат преден вкрстен лигамент и оштетен менискус. Но, само два месеца подоцна веќе започна со подготовки и успеа да се врати на големата сцена.

Во полуфиналната борба, Марија ја загуби победата за само еден бод – бод кој многумина сметаат дека заслужено требаше да биде запишан, но одлуката на судиите беше поинаква. Сепак, бронзата останува голем подвиг.
Таткото и тренерот на Марија, Александар Димовски Димсата изјави:
„Оваа девојка е фанатик во најдобрата смисла – ништо не можеше да ја запре. Горд сум на неа повеќе отколку што може да се опише.“
Од КБК „Energy“ и WAKO Macedonia порачаа: ова е само почеток, а Марија допрва ќе ги освојува највисоките височини.





