Компанијата Бата е формирана на 24 Август 1894 година во Злин (Моравија, денес Чешка), од страна на Томас Бата, неговиот брат Антонин и неговата сестра Ана. Компанијата започнала со 10 вработени со полно работно време со фиксен распоред за работа и редовна неделна плата, нешто кое било несекојдневно во тоа време. 

Нивната работа и фабрики била најчесто во села од определени региони каде сите мештани работеле и допринесувале за фабриката и брендот. Во поранешна ех Југославија тоа било селото Борово во Хрватска. Брендот како Бата во Битола опстојувал до половината од минатиот век, додека најверојатно притиснати од новата социјалистичка Народна власт истите се преструктуираат и остануваат како Борово. 

На следните фотографии објавени од битолчанецот Димче Најдов јасно се гледа нивниот преубаво украсен излог за кој во натпревар најверојатно пред Велигден добиваат прва награда. Продавницата беше на сам Широк Сокак, во еден од дуќаните на големата фамилија Пешка, а покасно како Борово на истоименуваното место познато за нас битолчани.

 Брендот Бата е еден од многуте кои беа присутни во нашиот град и ни покажува која била Битола некогаш на светската карта од познати марки и брендови.

Фото Папакоч

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here