Новата сезона тропа на врата, но проектот на Еурофарм Пелистер оди многу подалеку од една година – тој се гради за иднината. Двата репрезентативни „бисери“ и долугодишни членови на клубот, Петар и Павле Атанасијевиќ, ги продолжија договорите до јуни 2028 година и својата иднина ја гледаат токму во Битола и во шампионскиот тим.

Со овој потпис клубот јасно покажува дека го следи континуитетот и развојот – од прогресот и скокот од Еурофарм Пелистер 2 во првиот тим, па сѐ до нивното целосно созревање во зелено-белиот дрес. Така, браќата Атанасијевиќ ќе заокружат речиси една деценија верност кон клубот.

Иако имаат само 22 години, Петар и Павле веќе можат да се пофалат со три шампионски титули, два Суперкупа на Македонија и учества на големи натпреварувања во дресот на македонската репрезентација.

Еурофарм Пелистер со овој чекор уште еднаш покажува дека ја гради иднината на македонскиот и европскиот ракомет врз стабилни темели