БРАТСКО ДЕРБИ ВО БИТОЛА: ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2, ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН

од • September 25, 2026 • 0 коментари

Битолската ракометна публика денес ќе има можност да проследи интересно „братско“ дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, во рамките на македонската Супер лига.

Натпреварот е закажан за денес, 25 септември, од 17:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

На спротивните страни на теренот ќе се најдат ракометари од двете екипи на битолскиот клуб – првиот тим и младите ракометари од Еурофарм Пелистер 2, за кои ваквите натпревари претставуваат значајно искуство во нивниот развој.

Од клубот ги повикуваат љубителите на ракометот да дојдат во сала и да го проследат натпреварот.

Влезот за публиката е бесплатен.

Babam Bitola

Comments are closed.