Бранко Ангеловски е нов тренер на Еурофарм Пелистер 2

од July 1, 2026 0 коментари

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер го именува Бранко Ангеловски за нов тренер на Еурофарм Пелистер 2, каде што ќе ја извршува и функцијата тим-менаџер.

Од клубот истакнуваат дека вториот тим има значајна улога во развојот на младите ракометари и затоа формирањето на составот за новата сезона се реализира со максимална сериозност и одговорност.

За Ангеловски ова претставува враќање во битолскиот клуб, каде што во минатото настапуваше како играч, а беше и спортски директор и тренер. Во Еурофарм Пелистер веруваат дека неговото искуство, познавањето на клубот и стручните квалитети го прават вистински избор за предводник на вториот тим.

Официјалното претставување на Бранко Ангеловски е планирано за почетокот на подготовките, кои ќе стартуваат кон крајот на јули.

Babam Bitola

Comments are closed.