Бојан Тошевски од Битола апсолутен победник на Државниот натпревар во street workout & calisthenics

од May 18, 2026 0 коментари

Битолчанецот Бојан Тошевски постигна извонреден успех на Државниот натпревар во street workout & calisthenics кој се одржа на 17 мај во Скопје, освојувајќи две златни медали, два пехари и титула апсолутен победник на натпреварот.

На натпреварот учествувале повеќе од 30 натпреварувачи од целата држава, а Бојан се натпреварувал во категоријата до 80 килограми. Со одлични настапи во двете клучни дисциплини – bodyweight sets & reps и weighted sets & reps – тој успеал да го освои првото место во двете категории.

Со ова, Тошевски не само што се закитил со два златни медали и пехари, туку ја понел и титулата апсолутен победник на натпреварот, потврдувајќи ја својата доминација и физичка подготвеност во овој сè попопуларен спорт.

Но, предизвиците за младиот битолски спортист продолжуваат. Следната станица за Бојан е интернационалниот натпревар во Рим, Италија, кој ќе се одржи во јуни годинава, каде што ќе има чест да ја претставува Македонија во конкуренција на бројни светски атлети.

Битола повторно добива причина за гордост, а на Бојан му посакуваме многу успех и нови победи на меѓународната сцена.

Babam Bitola

Comments are closed.