БОЈАН СТЕРЈЕВ: „САКАМ ЦЕЛ ЖИВОТ ДА ОСТАНАМ ВО БИТОЛА И ПЕЛИСТЕР – ТИТУЛАТА Е НАША ЦЕЛ“

од • September 11, 2026 • 0 коментари

Потпретседателот на РК Еурофарм Пелистер, Бојан Стерјев, во големо интервју за Balkan-Handball зборува за новата сезона, Лино Червар, амбициите на клубот, македонските ракометари, но и за својата лична поврзаност со Пелистер и наследството на неговиот дедо Силјан Мицевски.

Стерјев не ги крие амбициите – Пелистер сезонава сака трофеи и во првенството и во Купот, додека во Европската лига целта е екипата да се обиде да стигне најмалку до четвртфиналето.

Посебна гордост за клубот е што на гостувањето во Охрид во составот имало десет македонски ракометари, а петмина од нив минале низ втората екипа и школата на Пелистер. Стерјев потенцира дека резултатот останува најважен, но дека комбинацијата од резултати и домашни играчи е нешто што посебно радува.

За Лино Червар има само пофални зборови. Според Стерјев, во клубот одамна немало толкава дисциплина и почит кон тренерот, а енергијата на искусниот стратег е неверојатна.

„Лино практично не спие. Спие три-четири часа и продолжува понатаму.“

Особено силен е делот од интервјуто во кој Стерјев зборува за Битола, Пелистер и семејната традиција.

За него ракометот не е само спорт или работа. Неговиот дедо Силјан Мицевски остави длабока трага во битолскиот ракомет, а денес семејството преку Еурофарм продолжува да го поддржува клубот – неговиот татко Зоран е претседател, а Бојан потпретседател.

„Ако до крајот на животот имам можност да вложувам во ракомет, секогаш ќе бидам во ракометот. И секогаш ќе бидам во Битола и во Пелистер.“

А дека Битола навистина живее за ракометот покажува уште еден интересен податок: сезонава клубот продал 1.680 сезонски билети, повеќе од нешто над 1.300 во периодот кога Пелистер настапуваше во Лигата на шампионите.

И можеби токму една реченица најдобро ја опишува тежината, но и убавината да се биде дел од Пелистер:

„Убаво е кога победуваш, но тешко е да поминеш по Широк Сокак кога губиш.“

Целото интервју со Бојан Стерјев можете да го прочитате на BALKAN-HANDBALL.COM

Интервјуто е објавено денес, 11 септември 2026 година.

Babam Bitola

Comments are closed.