Босански медиум: Стадионот „Петар Милошевски“ меѓу најубавите на Балканот

од April 10, 2026 0 коментари

Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола доби големо признание од странство, откако еден од босанските медиуми го вброи меѓу најубавите стадиони на Балканот.

Домот на ФК Пелистер, кој се наоѓа под Тумбе Кафе, со години важи за еден од најпрепознатливите фудбалски објекти во Македонија, а последните реконструкции дополнително го подигнаа неговиот изглед и функционалност.

Стадионот, кој има капацитет од околу 8.500 седишта и постојано се модернизира, претставува симбол на битолскиот спорт и гордост за навивачите на Пелистер.

Ова признание доаѓа како потврда дека Битола не само што има богата фудбалска традиција, туку и инфраструктура која може да се мери со најдобрите во регионот.

Повеќе детали и фотографии можете да погледнете на следниот линк.

Babam Bitola

Comments are closed.