Болница „Плодност“: Најголемата награда се децата кои повторно се враќаат

од July 16, 2026 0 коментари

Во текот на оваа година, Болница „Плодност“ беше посетена од неколку генерации деца родени со помош на ин витро фертилизација (ИВФ), кои заедно со своите родители повторно ги посетија лекарите и медицинскиот тим што бил дел од нивниот пат до родителството.

Од болницата велат дека ваквите средби претставуваат најголема потврда за успешноста на нивната работа и мотив за понатамошна посветеност.

„Децата кои некогаш беа надеж и долгоочекувана желба, денес се наши најдраги гости. Нивните насмевки и прегратки се најголемата награда за целиот тим“, порачуваат од Болница „Плодност“.

Воедно, од здравствената установа упатија благодарност до сите семејства кои и по многу години се враќаат за да ја споделат својата среќа и да ја продолжат врската со тимот кој бил дел од нивната животна приказна.

Babam Bitola

Comments are closed.