Многу добро се сеќавам на Божин -полицаецот (татко на браќата Стефановски, артисти од битолскиот театар) кој до 1912-та година, односно до идењето на Србите.беше турски полицаец, но добар Македонец.
Тој како турски полицаец вршеше претрес по кафињата покрај Драгор од Ленски мост до рибарницата каде се береа млади македонски комити кои тогаш ги нарекуваа терориисти. Тие кафиња имаа два влеза. Кога ќе влезеше Божин во кафето на заптиите (Турците), ќе бркнеше во појасот на младите комити, ќе се фатеше за рачката на револверот и ќе им речеше:
:”Да те нема оттука, излези од другата врата” .
—–
Од мемоарите на Димитар Секуловски, голема благодарност до Ели Секуловска