БОГАТ СЕПТЕМВРИСКИ РЕПЕРТОАР ВО НАРОДНИОТ ТЕАТАР – БИТОЛА, НОВАТА СЕЗОНА ПОЧНУВА НА 3 СЕПТЕМВРИ

од August 23, 2026 0 коментари

НУ Народен театар – Битола ја започнува новата театарска сезона со богата програма во текот на септември. На репертоарот се повеќе домашни продукции, детски претстави, како и гостувања на театри и фестивали од земјава и регионот.

Сезоната ќе биде отворена на 3 септември со „Едмонд“, а во текот на месецот публиката ќе може да ги проследи „Госпоѓа Бовари“, „Странецот“, „Ричард III“, „Пламенка“, „Пинокио“, „Жиголо“, „На отворено море“ и „Секстет“.

Во септемвриската програма се вклучени и неколку гостувања. На 10 септември во Битола гостува „Ѕвездара театар“ од Белград со претставата „Унна“, додека на 11 септември „Едмонд“ ќе биде изведена во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица. На 18 септември „Пинокио“ гостува во ТФД „Силјан Штркот“ во Прилеп, а на 25 септември е предвидено гостување со „Кориолан“ на „Magical Nights in Bitrint“ во Саранда, Албанија.

📅 РЕПЕРТОАР – СЕПТЕМВРИ 2026

03.09 | 20:00 – „Едмонд“

Дејвид Мемет / режија: Оливер Мицевски

04.09 | 20:00 – „Едмонд“

Дејвид Мемет / режија: Оливер Мицевски

07.09 | 20:00 – „Госпоѓа Бовари“

Густав Флобер / режија: Дејан Пројковски

09.09 | 20:00 – „Госпоѓа Бовари“

Густав Флобер / режија: Дејан Пројковски

10.09 | 18:00 – „Странецот“

Дамиан Читкушев / режија: Дамиан Читкушев

10.09 | 20:00 – „Унна“

Гостување на „Ѕвездара театар“ – Белград, Србија

Стеван Копривица / режија: Дејан Пројковски

11.09 | 19:30 – „Едмонд“

ФКТ „Ристо Шишков“ – Струмица

Дејвид Мемет / режија: Оливер Мицевски

12.09 | 20:00 – „Ричард III“

Вилијам Шекспир / режија: Мартин Мирчевски

14.09 | 20:00 – „Пламенка“

Петре Димовски / режија: Софија Ристевска Петрушева

15.09 | 11:00 – „Пинокио“

Карло Колоди / режија: Дејан Дамјановски

16.09 | 11:00 – „Пинокио“

Карло Колоди / режија: Дејан Дамјановски

17.09 | 20:00 – „Жиголо“

Игор Кузмановски / режија: Благој Мицевски

18.09 | 12:00 – „Пинокио“

ТФД „Силјан Штркот“ – Прилеп

Карло Колоди / режија: Дејан Дамјановски

21.09 | 20:00 – „Пламенка“

Петре Димовски / режија: Софија Ристевска Петрушева

22.09 | 20:00 – „На отворено море“

Славомир Мрожек / режија: Благој Мицевски

25.09 | 20:00 – „Кориолан“

„Magical Nights in Bitrint“ – Саранда, Албанија

Вилијам Шекспир / режија: Џон Блондел

29.09 | 20:00 – „Секстет“

Марк Камолети / режија: Марјан Георгиевски

30.09 | 20:00 – „Секстет“

Марк Камолети / режија: Марјан Георгиевски

Билетите за претставите може да се набават онлајн преку официјалната страница на НУ Народен театар – Битола.

Babam Bitola

Comments are closed.