На синоќешната свечена манифестација посветена на признавањата за значајни придонеси во културата, спортот и општествените вредности, Благој Печалев беше одликуван со награда за животно дело за неговиот долгогодишен ангажман, посветеност и значаен придонес во развојот на заедницата.

Општината со големо признание го награди Печалев за неговиот целокупен труд кој е пример за љубов кон работата, посветеност и неуморна работа што го доведоа до највисокото општинско признание за животно дело.
Благој Печалев е битолски кошаркарски тренер со богата кариера. Тој бил дел од стручниот штаб на КК Пелистер Спорт како асистент-тренер од сезоната 2018/19, а претходно беше и главен тренер на истиот клуб во периодот 2012–2014 година.
За време на свеченоста, организаторите истакнаа дека ова признание се доделува на личности кои низ годините оставиле значаен белег во општествениот живот и кои со својот ангажман служат како мотив за другите.

„Љубовта, посветеноста и неуморниот труд те доведоа до највисокото признание – награда за животно дело. Се гордееме со тебе и со твојот успех! Заслужено!“ – порачаа тие кои со нас ја споделија веста.





