Фустани по европска мода со шлеп здолништа изработени од свила, атлас, кадифе, со чипка, тантела се носеле од Париз, Виена  или Солун за поимашливите битолчанки. Според гордеробата што ја носеле некои од нив, наликувале на парижанки кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Дека тоа не се приказни, доказ е оригиналната и ретка збирка на градски костими зачувана во битолскиот Завод и музеј. Облеката стара повеќе од еден век донирана и откупена од стари битолски семејства над две децении грижливо ја чува и промовира пред македонската, но и европската јавност етнологот Наде Геневска Брачиќ, советник кустос во музејот.


-Во нашата збирка има 150 поединечни парчиња облека од три главни стила: ала-турка, односно ориенталното влијание, ала- франга  или западно–европското влијание и локалниот градски костим кој ја прставува типичната градска македонска облека- вели Геневска Брачиќ.

Облека од познатите битолски фамилии

Во збирката зачувани е облека од познати битолски семејства. На пример, реденгот од познатиот професор инженер Крум Хололчев . Потоа, облека од богатиот битолчанец Атанас Атанасијевиќ кој живеел во куќата каде денес е сместен грчкиот конзулат. Венчаница од свила украсена со чипка, драг семеен спомен на турското семејство Исмаил кое кога се преселувало од Битола ја предало во Музејот. Откупена е и облека од семејството Сирвини…
Извор и повеќе на апла.мк

и посета на поставките во Музеј Битола