Битола отсекогаш била град на стил и мерак, а голем дел од тоа доаѓа од битолчанките. И денес, доволно е да прошеташ по Широк Сокак за да ги видиш, дотерани, со став и со нешто свое што се препознава од далеку.
Нивната убавина не е само во изгледот. Има нешто во држењето, во начинот на кој зборуваат, во тоа како се однесуваат. Не се наметнуваат, ама оставаат впечаток.
Денес времињата се сменети. Се повеќе се брка некоја „совршена“ слика, филери, корекции, игли. Има и такви што одат и до Прилеп за да сокријат некоја брчка или да сменат нешто на себе. За да не ги зборал градот.
Можеби за некого тоа изгледа убаво.
Ама кај нас, тоа лесно се познава. И наместо природно, изгледа вештачки.
Битолчанките отсекогаш знаеле дека се е во свое време.
На млади години убавината е во ликот, во насмевката, во очите, во младоста.
Ама со годините, вистинската убавина доаѓа од друго место.
Од зборот, од начинот на кој ќе те пречекаат, од душата што ја носат.
Токму затоа, вистинската битолчанка не мора многу да се труди за да биде забележана. Доволно е да биде своја.
И можеби баш затоа, Битола не е само град, туку место каде убавината има стил, мерак и карактер. За тие природните, наши вистински битолчанки. Нормалните, со природна убавина. Ве поздравуваме сите, од срце.
