Василики Замаули била убава и богата девојка која станала најпосакувана за мажење во градот. Постојано била облекувана во скапоцени фустани што ги добивала од патувањата кај роднините во Грција.

Василики Замаули

Интересно е да се спомене хобито на Василики. Таа имала необично хоби – везела со природна коса, а некои од сликите кои се чуваат и ден-денес како реликвија во семејството се вистинско
уметничко чудо.

Партенон направен од природна коса, моментално кај дел од фамилијата во Хрватска

Ќерката Марика раскажува дека никој не сакал да даде отсечена коса бидејќи верувале дека со неа правела магии.

Извадок од „Приказните од Широк сокак”