Битолчанка меѓу најубавите во Југославија: Архивски доказ од 1958 година

од March 29, 2026 0 коментари

Во време кога убавината се мереше со стил, држење и природна елеганција, Битола имала своја претставничка меѓу најубавите девојки во поранешна Југославија.

Архивски материјал од весникот „Данас“ од 1958 година сведочи дека Гордана (Горица) Христова од Битола учествувала на тогашниот избор за Мис на Југославија, каде освоила дури 2.909 гласови, влегувајќи како втора во кругот на забележителни кандидатки.

На страницата се објавени фотографии од најдобрите 15 избранички (15 одабод целата федерација, а меѓу нив гордо стои и битолското име, доказ дека и тогаш Битола знаела да раѓа убавина со стил и достоинство.

Иако денес многу од овие приказни останале заборавени или раскажувани само низ сеќавања, ваквите архиви потсетуваат дека битолчанките отсекогаш имале свое место на сцената.

Овој реток документ не е само сведоштво за еден избор, туку и дел од културната меморија на градот, време кога Широк Сокак бил модна писта, а дамите носеле убавина што не старее.

Babam Bitola

Comments are closed.