Јана Видановска од Битола е прогласена за една од најдобрите дипломирани студентки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје за академската 2023/2024 година, со највисок можен просек – 10.

Во разговор за Факултети, Јана открива дека клучот за нејзиниот успех била постојаната подготовка, дисциплината и љубопитноста. Како најсреќни моменти ги издвојува натпреварите по роботика – Робомак 2023 и 2024, каде со тимот работеле на напредни проекти со вештачка интелигенција и машинска визија.

Покрај академскиот успех, Јана самостојно си нашла вработување во странска ИТ-компанија и моментално работи од својот роден град. Сепак, вели дека би се вклучила во македонска фирма, ако таа нуди иновации и поддржувачка средина.

Целиот разговор и инспиративната приказна прочитајте ја тука:
fakulteti.mk – Јана Видановска