Младата битолчанка Теона Бакалов блесна на меѓународниот турнир „Octagon Fighting“, кој денес се одржа во Солун, освојувајќи прво место во бразилско џиу џицу во категоријата за девојчиња од 10 до 11 години.

Таа имаше извонреден настап и во мешана категорија за возрасни над 34 години, каде што беше единствено женско учесничка и успеа да стигне до второто место, иако настапуваше против противник потежок за 22 килограми.

Успешен настап забележа и нејзиното помало братче Михаил Бакалов, кој во дисциплината бразилско џиу џицу без кимоно (No-Gi) освои трето место во категоријата од 8 до 9 години, до 34 килограми.

Тие доаѓаат од битолскиот нинџитсу клуб ,,Pound For Pound Team” и вкупно заедно освоија 16 златни, 18 сребрени и 8 бронзени медали (42 медали ) со освоено прво тимско место.
Турнирот „Octagon Fighting“ е дел од серијата натпревари во боречки спортови кои редовно се организираат во Грција, а вакви настани привлекуваат натпреварувачи од различни возрасни категории и нивоа на искуство . Воедно, вакви BJJ настани се одржуваат во Солун и во текот на 2026 година, со учество на бројни млади таленти од регионот .

Овој успех претставува уште една потврда за квалитетот и посветеноста на младите спортисти од Битола, кои достојно го претставуваат градот и државата на меѓународната сцена.
