Битолчанката Татјана Стерјева меѓу најуспешните жени менаџери во Македонија

од April 25, 2026 0 коментари

Битолчанката Татјана Стерјева е добитничка на престижното признание во рамки на јубилејната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“, што годинава се одржа по повод 30 години постоење на агенцијата Марили.

На свечената гала вечер, на која беа наградени вкупно 30 успешни жени од земјава, Стерјева ја прими статуетката „Жена водилка“, признание што се доделува за исклучителни резултати, лидерство и придонес во развојот на бизнисот и општеството.

Настанот обедини влијателни жени од различни области, кои со својата работа оставаат значаен белег и претставуваат пример за професионалност, визија и посветеност.

Со ова признание, Битола уште еднаш добива потврда дека градот создава силни и успешни личности, кои достојно ја претставуваат на национално ниво.

Честитки Татјана Стерјева!

Babam Bitola

Comments are closed.