На 7 октомври, ден што во историјата секогаш ќе биде обележан со тага, постои и причина за радост и надеж – славниот 108. роденден на битолчанката Рејчел Нахмијас, девојчето родено во Битола, во нејзиниот дом – жолтата куќа на Широк сокак каде што сега е пицерија Равена.
Рејчел е жена со неверојатна животна приказна, која преживеала бројни тешкотии и историски превирања и сега живее во далечната Америка, Њу Џерси.. Во годините на младоста го добила прекарот „Мими“ дури во Албанија се криеше од бугарските војници а токму тој прекар останал дел од нејзиниот идентитет до денес.
И покрај сите предизвици низ кои поминала, Рејчел останала симбол на светлина, љубов и добрина за сите околу неа. Нејзините најблиски велат дека се среќни што нивните деца имаат можност да ја слушнат нејзината неверојатна приказна и да ги почувствуваат нејзините спомени, поврзани и со музиката – особено со аријата од операта „La Bohème“, која и понатаму е нејзина омилена.





