Битолчанката Мирјета Бајрамовска по неколку годишна пауза се враќа во репрезентацијата на Македонија и ќе биде вистинско засилување за бараж двомечот со Шведска во јуни, што е последна фаза за настап на СП во Германија во декември годинава.
Селекторот на нашата репрезентација Симе Симовски го објави списокот со 23 ракометарки на кои смета за дуелите со Шведска, на 10. јуни во Скопје и три дена подоцна во Иштад, Шведска.
Список со 23 ракометарки на македонската репрезентација:
Наташа Антиќ, Матеја Серафимовска, Драгана Петковска, Мирјета Бајрамовска, Зорица Десподовска, Дајана Јовановска, Габриела Величковска, Теодора Керамичиева, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Душица Ѓорѓијевска, Елена Ѓорѓијевска, Маја Трпковска, Александра Боризовска, Елена Ливриниќ, Јована Саздовска, Сара Митова, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Ивана Гакидова, Сања Дабевска, Стефанија Мишевска и Марија Николиќ.
Извор Спортмедиа.мк