Младата битолска скијачка Матеа Нолева, ученичка во VI-в одделение, освои трето место на Државното првенство на Македонија во алпско скијање за деца до 16 години, кое минатиот викенд се одржа во Маврово.

Со овој успех, Нолева уште еднаш го потврди својот талент и посветеност кон спортот. Освоениот бронзен медал е резултат на нејзиниот континуиран труд, дисциплина и љубов кон скијањето, а воедно претставува и ново признание во низата медали што ги има освоено на натпреварите од Алпскиот куп на Македонија уште од 2022 година.

Особено значајно е што Матеа е и единствената млада скијачка од Битола која активно учествува на натпреварите организирани од Скијачката федерација на Македонија за скијачи до 16 години.

Нејзиниот успех претставува гордост за Битола и мотив за сите млади спортисти да бидат истрајни, посветени и храбри во остварувањето на своите цели.