Ова признание е потврда за нејзиниот огромен талент, труд и посветеност кон спортот кој Битола отсекогаш го живее со срце – ракометот.
Марија со своите настапи, борбеност и спортски дух успеа да се издвои меѓу најдобрите млади надежи во земјата да го донесе ова престижно признание дома – во градот на ракометот.
„Оваа награда ја посветувам на моето семејство, мојот клуб и сите што веруваат во мене,“ изјави младата ракометарка по добивањето на признанието.
Битола може да биде горда – новата генерација ракометари расте во вистинскиот дух , со срце, енергија и љубов кон играта.





